(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба
Објавено во: Свет 24 Април, 2025 20:32
Средбата во Белата куќа не беше најидеална, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Toj во вторникот во Киев разговараше со американскиот коментатор Бен Шапиро за улогата на САД во војната меѓу Русија и Украина.
Украинскиот претседател кажа дека е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп и Америка за нивната поддршка и напорите да се стави крај на војната.
„Морате да разберете дека ние се браниме од руски напад, дека Русите се непријатели, а Америка ја сметаме за пријател и партнер кој има влијание и тоа влијание треба да ја принуди Русија да влезе во преговори“, рече Зеленски.
Шапиро го праша Зеленски за американската помош за Украина и за „милиони долари“ што американските даночни обврзници ги потрошија за Украина.
„Од почетокот бевме јасни дека и американската и европската помош се под контрола на западните инспектори, немаме што да криеме, транспарентни сме. Благодарни сме на Америка за нејзината помош и единство во одбраната на мојот народ од руската агресија. Целата воена помош е искористена или ќе се користи на воено поле. Има многу лажни руски тврдења за продажба на оружје, корупција итн., но тоа не е точно“, додаде Зеленски.
На крајот на февруари годинава, Зеленски беше во посета на САД и во Белата куќа се скара со Трамп и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Тие го обвинија дека е неблагодарен. Тој кажа дека сакаат САД да биде на нивна страна, а не на страната на Русија.Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




