16 Декември, 2025
0.0703

(ВИДЕО) Словенците раскажаа за драматичните спасувања со хеликоптер во поплавeните подрачја

Објавено во: Балкан 08 Август, 2023 16:27

Добивај вести на Viber

Во Словенија со повлекувањето на водата се зголемува ризикот од свлечишта. 

Во регионите во Словенија  полека се санираат последиците, јави Н1. Во Преваљ, разбеснетата река Межа ја „проголта“ куќата на семејството Фужир кое останало буквално без ништо.

„И покрај опасноста, таткото одбива да го напушти загрозеното подрачје и бара сè што може да се спаси – фотографии, спомени“вели Габријела Фужир Худописк.

Тоне Јамник е  жител на словенечкиот град Шкофја Лока. Тој го гледал хеликоптерското спасување на четири лица „заробени“ во куќа во соседството, која се наоѓа речиси точно на сливот на реките Пољанска и Селшка Сора.

„Знаете, и во оваа куќа живее лице со попреченост. Плачев гледајќи го ова. И се прашував како можам да помогнам? Што можам да направам? Што? Апсолутно ништо…“, вели Јамник.

Се очекува во среда погодените подрачја да ги посети претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Шест луѓе загинаа во поплавите во Словенија. Штетите се огромни. Премиерот на Словенија, Роберт Голоб денеска соопшти дека владата на одлучила 14 август да го прогласи за ден на солидарност поради поплавите.

Погодени беа и делови од Хрватска. 

фото: EPA-EFE/ZIGA ZIVULOVIC JR


Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата