(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот
Објавено во: Свет 25 Септември, 2023 19:23
Синот на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, Адам го тепа Никита Журавел, кој со денови е во притвор поради палење на Куранот.
Рамзан Кадиров наведува дека одлучил да го објави видеото за да стави крај на гласините дали Адам го победил Никита. Тој се гордее со својот син.
„На интернет се води долга дискусија за тоа дека Адам Кадиров го претепа Никита Журавел кој го запалил Куранот и соучесник на украинските специјалци. Тој ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што ќе посегне по кое било Свето писмо, па макар и демонстративно да го запали, а со тоа да навреди десетици милиони граѓани на нашата голема земја, мора да претрпи строга казна“, вели Кадиров.
Чеченскиот лидер палењето на Куранот го нарече провокација. Журавел е приведен во Волгоград поради чинот на палење на Куранот пред џамијата. Инспекторите рекоа дека тој признал дека тоа го направил за пари по налог на украинските специјални служби. Покрената е кривична пријава за навреда на чувствата на верник кој бил предаден на чеченските инспектори. Чеченците се борат на руската страна во Украина, но мал дел војуваат и на украинската страна.
фото Твитер
— Pluton (@Pluton45873221) September 25, 2023
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




