(ВИДЕО) Силен земјотрес - се тресеа згради
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017
Силен земјотрес од 5,7 степени денеска ја погоди Колумбија.
Епицентарот на потресот бил во југоисточната област Хуила. Тој се почувствувал дури и во главниот град Богота каде голем дел од работници кои работеле во канцеларии во згради биле евакуирани.
Засега нема извештаи за причинета материјална штета или евентуални жртви.
Денеска земјотреси ги зафатија и Турција и грчкиот остров Лезбос.