01 Јуни, 2024
0.1069

(ВИДЕО) Што остана од античкиот град Палмира по терористичката окупација

Објавено во: Свет, Стил 27 Март, 2016

Добивај вести на Viber

„Пустинскиот бисер”, како што го нарекуваат древниот град Палмира, беше национално богатство не само за Сирија, туку и за целиот свет.Токму затоа тој беше цел на Исламската држава, бидејќи зад себе има историја од 2000 години од постоење и древни статуи и храмови кои терористите секојдневно ги уништуваа.

v2-26-Palmyra-AFP-Getty

По заземањето на контрола на повеќе од 50 отсто од сириската територија од страна на „Исламската држава“, оваа античка оаза веќе не е тоа што беше.

Видеото е направено од птичја перспектива, а на него се гледаат рушевини, уништени згради и архитектонски објекти.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zFHcIm9F41w[/embed]

Инаку, вчера по долги борби во текот на ноќта и со голема помош од руската авиација, сириската војска успеа да ја врати контролата врз Палмира. Ослободен е и стариот град и станбените објекти.

Тие успеале да ги притиснат силите на Исламската држава да се повлечат он Сохне, Ракот и Деир Езор – областите кои владеат во северниот и источниот дел на Сирија.

„Нашите војници воспоставија целосна контрола над градот и ги бркаат остатоците од терористичките банди на Исламска држава, кои се повлекуваат“, вели командат на сириската армија во соопштението.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=wWzCwE9ipBg[/embed]

Ова е најжестокиот напад откако пред три недели почна офанзивата на сириската армија и на сојузничките милиции за да ја преземат контролата над овој пустински град и да отворат пат за понатамошни напади врз упориштата на ИСИС во источниот дел на земјата.

Античкиот град, кој ИСИС го зазеде во мај 2015 година, е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во него се сместени голем број извонредни антички споменици, како и голем број историски локалитети, кои беа уништени од џихадистите на ИСИС откако тие го зазедоа градот, меѓу кои беа и 2.000-годишниот Беловиот храм и Триумфалната капија.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

УАПСЕН ПОЗНАТ МИЛИОНЕР: Поранешен сопственик на голема компанија обвинет за злоупотреба на малолетници

Што значи пресудата против Трамп за изборите

Што значи пресудата против Трамп за изборите

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА ДОШЛА ВО ПОСЕТА НА РОДИТЕЛИТЕ - од трагедијата не успеаа да се спасат ниту со прегратката (ВИДЕО)

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

БАЈДЕН ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ТРАМП: Никој не е над законот

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа

ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Mомче и две девојки исчезнаа

ЗЕЛЕНСКИ: Без зелено светло од САД, другите сојузници веројатно нема да дозволат Украина да го користи нивното оружје со долг дострел

ЗЕЛЕНСКИ: Без зелено светло од САД, другите сојузници веројатно нема да дозволат Украина да го користи нивното оружје со долг дострел

ИНДИЈА: Во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе

ИНДИЈА: Во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе

ДОАЃААТ ЛИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ЗА ЕВРОПЕЈЦИТЕ? Невработеноста достигна ново рекордно ниво

ДОАЃААТ ЛИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА ЗА ЕВРОПЕЈЦИТЕ? Невработеноста достигна ново рекордно ниво