(ВИДЕО) Седум ерупции на вулкан за 24 часа
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2017
Вулкан на планината Синабунг во Индонезија за 24 часа имаше седум ерупции.
Мештаните и туристите мораат да носат маски за да не дојдат во контакт со пепелот.
Ветерот со пепел се ширеше во Берастагија, кој е туристички град на висорамнината Каро.
Некои луѓе се префрлени на растојание од 7 км и се засолнети привремено.
На истото место има ерупции од 2013 година и досега се раселени неколку илјади луѓе.