(ВИДЕО) РУСИЈА СЕ ТРЕСЕ: Силен земјотрес ја погоди Камчатка, и активираше вулкан
Објавено во: Свет 29 Март, 2017
Силен потрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди рускиот полуостров Камчатка.
Потресот се случил во Беринговото море, недалеку од источниот брег на Камчатка.
„Жителите на неколку населени места го доживеале овој потрес од пет бродови“, рекол претставник од Руската акаедмија на науки.
Потресот го регистрирала и американската геолошка станица во почетокот и тоа како јачина од 7 степени, но подоцна е ревидиран на 6,6 .
Засега нема податоци за евентуални жртви или штети.
Инаку, вулканот Камбални на полуостровот Камчатка почнал да исфрла пепел после 250 години неактивност.
Камбани, чија висина е 2 156 метри, почнал да исфрла пепел.
Пепелот е исфрлен на висина од 7 000 метри и преминал оддалеченост од 255 км во правец на југозапад.