(ВИДЕО) ПУКАЊЕ И ВО КУМАНОВО: Луѓето кои го славеа Денот на албанското знаме ја пцуеја Србија
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 20:39
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи направени синоќа во Куманово при славење на Денот на албанското знаме, луѓето ја пцујат Србија. Шест автомобили се оштетени.
Еве ова е куманово племе каде е држава...kumanovo https://t.co/B1NtBl0fuE pic.twitter.com/OEabWhot1x
— certi (@frenkidejon) November 29, 2024
„На 28 ноември во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме“, соопшти полицијата.
Денес во Куманово pic.twitter.com/iBendjSocw
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Полициските службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
„Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола“, информира полицијата.
Но, полицијата не соопшти дали трага по учесниците во прославата кои пукаа со пиштоли на плоштадот во Куманово.
За палење на македонското знаме во Скопје, три лица добија притвор од 8 дена.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




