(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО КУБА: Луѓето бараат храна и струја
Објавено во: Свет 18 Март, 2024
Масовни протести има во Куба, а граѓаните имаат само две барања, да им се обезбеди храна и струја.
Некои делови од островот поради недостиг од струја останале без електрична енергија и до 14 часа дневно.
„Луѓето викаа: Храна и струја!“, анонимно за Франс прес кажал 65-годишен жител на вториот по големина град на карипскиот остров Сантијаго, кој се наоѓа на 800 километри источно од престолнината Хавана.
Во текот на денот во градот дошла струјата и стигнале два камиони ориз.
Куба струјата ја добива од осум стари термоцентрали, генератори и осум пловечки централи изнајмени од Турција.
Претходно месецов владата ја зголеми цената на горивото за повеќе од 400 отсто како дел од својот план за економско закрепнување. Државата со 11 милиони луѓе ја доживува најлошата економска криза од распадот на СССР во 1990-тите години.
Куба на почетокот на месецов потврди дека побарала помош од Светската програма за храна (WFP) поради недостигот на млеко во прав за деца.Cubanos en Santiago de Cuba le gritan a la policía' “Tenemos Hambre” y "Patria y Vida". #CubaPaLaCalle pic.twitter.com/7DVW16pRaA
— Alerta Noticiera (@AlertaNoticiera) March 17, 2024