(ВИДЕО) ОВА се најопасните деца на светот: Некои од нив на 10 години биле убијци!
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2017
Иако од децата не се очекува да направат било што зло, а камоли да убијат, овие случаи покажале дека во денешен свет, за жал, и тоа е можно.
Кит Ранудулик
Тинејџер од Чикаго на 19 години и рекол на својата мајка дека сака да купи пиштол за да ја заштити својата сестра од роднината која ја малтретира. Мајката одбила, а тој нешто подоцна ја носи сестра си во подрум и таму ја убива.
Џон Венеблс и Роберт Томпсон
Двајцата во 1993 година биле десетгодишници кога еден двегодишник го одвоиле од мајка си во трговски центар. Два дена подоцна неговото унаказено тело е пронајдено на шини.
Џесмин Ричардс
Таа (12) разговарала за убиство на семејството со својот дечко (23) . На 23 април во 2006 ги убила родителите и братот и тврдела дека тоа го направила во зомби состојба
Браќата Бевер
Во јули 2015 браќате Роберт (18) и Мајкл (16) не само што убиле членови на семејство (татко, мајка, и три деца) туку планирале и низа сериски убиства, како би станале славни. Убиството го преживеала само една сестра.
Arraignment delayed for Bever brothers https://t.co/DsSNDTB34X pic.twitter.com/iRe8pHCuj6
— 2 Works for You (@KJRH2HD) July 9, 2016
Браќата Томсон
Брачниот пар Томсон во 2001 година решил да оди на пијалок и тројцата мали деца ги оствиле до куќата. Двајцата близнаци ја ставиле својата млада сестра во рерна и таа таму починала од изгореници. Против децата не е поднесена пријава но тие им се одземени на родителите.
Џордан Браун
Живеел со татко си во Пенсилванија, заедно со макеата и нејзините две ќерки. Маќеата била во деветиот месец на бременоста кога е и било пукано во главата. Џордан тврдел дека бил љубоморен на својот нероден брат.