(ВИДЕО) ОВА Е КУЌАТА НА РАДОИЧИЌ: Косовските власти го споредија со Пабло Ескобар
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2023 18:44
Косовската полиција објави како изгледа куќата на политичарот Милан Радоичиќ и го спореди со колумбискиот нарко дилер Пабло Ескобар.
Полицијата од утрово го претресува имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој организираше акција во селото Бањска.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот.
„Детално и до крај ќе се истражува терористичкиот напад со кој се соочи косовската полиција во селото Бањска. Косовската полиција, согласно судската наредба, денеска изврши претрес во станот на Милан Радојчиќ, неговата вила на Ујманското езеро“, напиша Свечља на својот Фејсбук профил, пренесе „Нова.рс“.
За косовските власти, тој не е „борец за слобода“, туку човек кој се збогатил на сметка на законот.
Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во северно Косово, каде е убиен еден косовски полицаец, а загинаа и четири лица од српска националност.НАТО испраќа дополнителни сили во северно Косово.
За српските власти виновен косовскиот премиер Албин Курти затоа што врши терор на Србите на Косово.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




