ВИДЕО ОД ПЛАЖА ВО ЕГИПЕТ ГИ ЗАПРЕПАСТИ ЛУЃЕТО: „Подобро би останал дома“
Објавено во: Свет 02 Август, 2024 20:48
На ТИКТОК се
прошири видео од Египет, кое ги запрепасти луѓето. Имено, објавено е видео од
плажа во градот Александрија каде човек е на човек - буквално.
Воопшто не можете да го видите песокот на плажата поради огромниот број на чадори кои се наредени еден до друг. Исто така, има многу луѓе и деца во плиткото. Видеото има повеќе од три милиони прегледи и многу коментари.
„Подобро би останал дома“, „Мило ми е што не сум таму“, „Овде е навистина клаустрофобично“, се дел од коментарите.
Но, ваквите сцени се вистинска реалност во Александрија. Фотографите со години ги снимаат гужвите на оваа плажа, а се чини дека секоја година е се полошо.
Во текот на летните месеци речиси е невозможно да се види како всушност изгледаат плажата и морето поради бројот на луѓе кои престојуваат таму во текот на денот. Но, во една прилика фотографите фотографираа како изгледа плажата кога таму речиси и нема никој.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




