16 Декември, 2025
0.0485

(ВИДЕО) ОД ЛЕВИЦА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ ПЛАШАT: Апасиев и други пратеници си разменија пцовки

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024 15:35

Добивај вести на Viber

По инцидентот кој денеска се случи во Собранието, од Левица порачаа дека не се плашат. 

Велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ провоцираат. 

„Имено анонимнниот пратеник Зоранчо Јованчев денеска го опцу Димитар Апасиев спомнувајќи го неговото семејство. Интересно е за јавноста, овој пратеник има две кривични пријави, една е за дивоградба во Лозово, другата е за крадење на вода, за див приклучок. Нашата порака е дека не им се плашиме, ние сме шесторица, тие 58, нека бидат уште 50, на секој насилнички одговорор ќе вратиме уште пожестоко“, изјави Амар Мециновиќ, пратеник од Левица. 

Вербална расправија помеѓу пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ настана на денешната, прва по носењето на новиот Деловник, собраниска седница посветена на пратенички прашања од опозицијата. Собраниското обезбедување спречи расправијата да прерасне во физичка пресметка. Во минатото, за малку ќе имаше тепачка меѓу Апасиев и тогашниот пратеник од СДСМ, Мартин Костовски. 

фото принтскрин


Можеби ќе ве интересира

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст