(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ И ТОМАС СТАВИЈА ПОТПИС: Македонија и Британија и официјално склучија Договор за стратешко партнерство - што ќе донесе тоа во пракса?
Објавено во: Економија 22 Мај, 2025 16:10
Maкедонските и британските власти денеска во Лондон го потпишаа Договорот за стратешко партнерство.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас го потпишаа историскиот Меѓувладин договор за партнерство за инфраструктура, вреден пет милијарди фунти.
„Веќе се подготвени три приоритетни проекти: брзата железничка врска по Коридорот 10, модернизација на болниците и изградба на нов Медицински факултет. Ќе продолжиме со проекти и во енергетиката и заштитата на животната средина“, рече Николоски.
Соработката ќе значи не само финансиска поддршка, туку и директен трансфер на експертиза од британската јавна администрација и бизнис секторот.
Томас нагласи дека двете земји се блиски сојузници во рамките на НАТО и ја оцени соработката како значаен чекор напред во економските и билатерални односи.Македонската Влада го усвои договорот пред два дена, откако премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер постигнаа согласност на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана во Албанија. Опозицијата имаше одредени забелешки и бараше детали за што ќе се трошат парите.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




