(ВИДЕО) НЕЧОВЕЧКО: Живеат во станови големи колку кутија, и за тоа плаќаат дебели пари!
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2017
Додека цените на недвижнини во Хонг Конг летаат во небо, се повеќе луѓе живеат во простории големи колку кутија бидејќи не можат да си дозволат повеќе.
Се работи за минијатурни станови од само два квадрата кои Обединетите нации веќе ги нарекоа „навреда за човечкото достоинство“.
Цените на недвижнини пораснаа за 50 отсто во 2012, а со тоа порасна и побарувачката за „евтини станови“, во кои буквално се собира само кревет и неколку полици. Во нив нема доволно место ни човек да се протегне, а таквото влијание на престорот влијае катастрофално на психата, вели социјалниот работник Це Лај Шан, кој проценува дека во такви (не)услови живеат повеќе од 200 000 луѓе.
Еден од нив е Вонг Чив, кој својот нехуман животен простор го плаќа 226 долари месечно (210 евра). Пред две години се пријавил за државен стан, а уште чека и живее во единствениот простор за кој има пари.
Властите ветиле дека во следните 10 години планираат да изградат повеќе од 450 000 станови.