(ВИДЕО) НАЈДЕНИ СЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ И ОРУЖЈЕ: Во Србија полицијата уапси луѓе кои планирале државен удар
Објавено во: Балкан 14 Март, 2025 19:17
Во Србија полицијата апси луѓе кои планирале државен удар.
Како што дознава српски Курир, почнале апсењата на лицата кои планирале државен удар во Србија.
Уапсени се Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ. Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.
На снимката која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат уривање на уставниот поредок.
Во Белград утре ќе се одржи протест на кој се повикани студентите кои бараат исполнување на нивните четири барања. Од друга страна, студентите кои, како што велат, сакаат да се вратат во студентските клупи, со денови кампуваат во Пионирски парк и кои како што тврдат, сакаат да се вратат во студентските клупи. Се шпекулира дека може да има немири.
Во прекин е сообраќајот од Плоштад Република, преку Коларчева улица до Пионирски парк.
— MMMarija (@Marija64729972) March 14, 2025
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати во живо пред утрешниот голем студентски протест во Белград.
Вучиќ на почетокот на своето обраќање рече дека тешката несреќа во Нови Сад ја погоди цела Србија.
„Моравме да воспоставиме јасна, брза, но не произволна одговорност. Државата го направи тоа. Само два дена по страшната трагедија во Нови Сад, се соочивме со деструктивни и насилни демонстрации, во кои беше направен обид да се запали и окупира зградата на Градското собрание во тој град“, вели Вучиќ.
Српската полиција во украден автомобил во близина на РТС пронашла оружје, маскирни униформи и молотови коктели. Автомобилот бил украден во Босна и Херцеговина и бил со лажни регистарски таблички.
Новинарска екипа на сплитскиот весник „Слободна Далмација“ денеска не беше пуштена во Србија, под образложение дека претставува безбедносен ризик, објави весникот на својот портал. Екипата патувала за Белград за да известува од големиот студентски протест.
— H. J. Herewards (@HJHerewards) March 14, 2025На 1 ноември лани во Нови Сад се урна натстрешница од Железничка станица и загинаа 14 луѓе. Потоа уште едно повредено лице почина. Оттогаш има протести во Србија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




