(ВИДЕО) НАЈБРУТАЛНАТА ОФАНЗИВА: Ирачката војска тргна во ослободување на Мосул, илјадници деца заглавени во градот!
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2017
Над 350 000 деца се заглавени во градот Мосул, предупредија од организацијата „Спасете ги децата“, откако ирачките сили започнаа нова операција за ослободување на градот.
„Војниците на Ирак и нивните сојузници, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, треба да направат се што е во нивна моќ за да ги заштитат децата и нивните семејства од каква и да е штета“, велат од лондонската организација за помош на децата.
Утрово започна нова фаза од операцијата за враќање на окупираниот град Мосул од „Исламска држава“ , при што две села веќе беа ослободени.
„Прогласен е почетокот на нова фаза во операцијата која почнува од Ниневија, за ослободување на западната страна на Мосул“, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал-Абад во кратко телевизиско обраќање.
„Нашите сили почнуваат ослободување на граѓаните од хоророт на ИСИС“, додаде тој.
Источен Мосул беше целосно ослободен од џихадисти во текот на започнатата операција на ирачки воени сили и коалиција на чело со САД во октомври 2016 година. Западен Мосул засега останува под контрола на „Исламска држава“.
Претходно ОН истакна дека безбедноста на неколкуте стотици илјади луѓе кои живеат во Мосул е приоритет.
Претставникот на хуманитарната програма на ОН за Ирак Лиз Гранде посочи дека ослободувањето на западниот дел на градот со тесните улички ќе го направи ослободувањето потешко од тоа на источниот дел. Според податоците на ОН во западниот дел на Мосул живеат околу 750 илјади лица.