(ВИДЕО) Молдавија е во мрак, а во Киев загинаа неколку луѓе
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2022 19:31
Половина Молдавија остана без струја по руските напади на Украина.
Вицепремиерот Андреј Спину кажа дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.
„Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија“, рече Спину.
Серија експлозии одекнаа претходно денеска во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.
Најмалку четворица луѓе загинаа во денешните руски ракетни напади врз Киев, меѓу нив и 17-годишна девојка, а дваесетина се повредени.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




