(Видео) Моќна природа - Река од лава се влева во Тихиот океан
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2017
Островите на Хаваи секогаш пленат со величенствената природа, но некогаш таа покажува колку е моќна и непредвидлива.
По мала ерупција на еден од вулканите на Големиот остров започна да „истекува“ огромна река од лава која се влева директно во Тихиот океан, а паѓа од височина на стотина метри што овозможува импресивен поглед на оваа дива природа.
На безбедна далечина може да доаѓаат и туристи кои сакаат да го погледнат овој неверојатен феномен.