18 Декември, 2025
0.0672

(ВИДЕО) Малиш Саздовска: Шумската мафија досега има убиено тројца шумари

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2020 12:10

Добивај вести на Viber

Дрвокрадци, шумска мафија, зелена мафија, палење шумски површини, мито и корупција при (не)легална сеча... Од бесправно сечење годишно во Македонија се печалат по најмалку 25 милиони евра. Можна ли е шумска мафија без аминување или ортаклак со институциите или поединци во нив? Колку е тарифата за замижување? Што е тоа двојно маркирање? Како (не) се штитат македонските шуми? Колку пријави, колку пресуди, казни, заплени, колку луѓе се во затвор поради таков криминал? Што работат институциите, што работи шумската полиција, дали е добро екипирана и зошто е толку ниско платена?


„Секое поведение на човекот со кое се врши унишување на животната средина спаѓа во еколошки криминал“, вели професорката Марина Малиш Саздовска, експерт за еколошки криминал.

Кривичниот законик во глава 22 предвидува казни за кривичните дела од еколошки криминал, но не само за физички, туку и за правни лица, изјави Малиш Саздовска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 заедно со „Парадокс“ на темата „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“.

Еколошкиот криминал во нашето општество се наоѓа на маргините, но станува збор за многу голема сума на пари која се добива како резултат на дивата сеча. Заводот за статистика води детална евиденција во однос на она што е сторено кривично дело и постои точна бројка на откриени кривични дела. Но доколку се збори од аспект на криминалистика, Малиш Саздовска ја потенцираше  „темна бројка“ која се однесува на сторени, а не откриени кривични дела.

„Постои потенцијално свлечиште над Кисела Вода и може да се случи нова катастрофа“, вели универзитетскиот професот Александар Трендафилов во емисијата „Стадион“ на Канал 77 со „Парадокс“ на темата „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“. Тој вели дека се изработил проект токму за штетата од бесправно сечење на дрвата, и она што се случи во 2016 година, поплавата во Стајковци, на што дел од причината за ваква катастрофа се препишува на соголената шума од страна на диви дрво сечачи и никој не поднесе одговорност по полавите пред три години во Стајковци, изјави универзитетскиот професор Александар Трендафилов.

Трендафилов вели дека во оваа држава некој ќе мора да понесе одговорност, функционираме како држава без одговорност, алудирајќи на тие природни катастрофи како резултат на бесправно сечените шуми.

„Ние новинарите не обрнуваме доволно внимание на оваа тема, од големите политички теми не ја гледаме суштината“, вели новинарката Валентина Вурмо од „Фокус“  во емисијата „Стадион“ на Канал 77 со „Парадокс“ на темата „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“  која своевремено работела на темата „Дрвокрадците пустошат со амин на шумарите“ објавена во 2015 година.

Главна интенција на ЈП „Национални шуми“ во наредниот период ќе биде пошумувањето, односно пошумување на сите деградирани земјишта кои можат да предизвикаат катастрофи, изјави Маре Басова,помошник директор во ЈП Национални шуми во емисијата „Стадион“ на Канал 77 заедно со „Парадокс“ на темата „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“.

ЈП „Национални шуми“ производството на дрва маса ја извршува со сопствени работници, со сезонски извршители на определно време и со надворешни извршители односно со економски оператори.

„ 25 отсто од производниот процес е со сопствени работници, а околу 75 отсто со надворешни извршители“, изјави помошник директорот на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова.



Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска