(ВИДЕО) ЛИНДИТА ЈОВАНОВСКА СЕ ОБРАТИ ДО КИЧЕВЧАНИ: Ги повика да гласаат за нејзиниот сопруг Александар
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 19:40
Професорката Линдита Јовановски, сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, јавно им се обрати на своите сограѓани, повикувајќи ги да гласаат за нејзиниот сопруг во вториот круг кој ќе се одржи на 2-ри ноември.
Во видео обраќање на албански јазик, Линдита порача дека Кичево заслужува градски татко кој ќе работи за сите – без разлика на националност, вера или пол. Таа истакна дека токму Александар е човекот кој може да ја обедини општината и да обезбеди подобра иднина за сите граѓани.
„Почитувани кичевчани, драги пријатели. Долго размислував дали да ви се обратам, иако давам силна поддршка на мојот сопруг за да стане градоначалник на Кичево. Но, денес одлучив дека мора да ви се обратам, бидејќи имам обврска како мајка, како жена, како Албанка, која има одговорност кон своите деца и децата на сите вас“, порача Линдита.
Таа додаде дека Кичево треба да ги победи неработата со работа, неморалот со морал и криминалот со чесност.фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




