(ВИДЕО) Ковачевски во Охрид го пречека Вучиќ, Курти на кафе со Ахмети
Објавено во: Македонија 18 Март, 2023
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Охрид го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ кој ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, за да разговараат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
Ковачевски и Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е важен за подобрување на односите. Курти се сретна и со дел од македонските политичари од албанскиот блок пред средбата. Тој се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Фотографии на Фејсбук објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој присуствувал на средбата.