20 Декември, 2025
0.0715

(ВИДЕО) Ковачевски: Со пораките на Велигден да се исполниме со надеж и со спокојство за просперитет на сите нас и нашето општество

Објавено во: Македонија 24 Април, 2022 09:24

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски со писмо до Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, до Синодот на МПЦ-ОА, како и со видео обраќање до свештенството и монаштвото, до сите православни верници во нашата земја, го честиташе големиот празник Воскресение Христово – Велигден.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме содржината од писмото со честитки на премиерот Ковачевски по повод Велигден во целост:

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден.

Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа.

Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските.

Во овие драматични мигови за нашето современие, Велигденските денови се можност да се свртиме кон повикот да создаваме добри дела и да покажеме солидарност, почитување и разбирање еден кон друг.

Велигден е и празник на надежта и верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри.

Со таа надеж за подобри денови, да бидеме исполнети со хармонија и прошка, мир и просперитет, без поделби и конфликти.

Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје и духовна сила!

Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!

Христос воскресна! Навистина воскресна!“


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки