(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ ИЗГРАДИЈА ДЕСЕТКАТИНИЦА ЗА 28 ЧАСА: Користеле посебен систем
Објавено во: Финансии 20 Мај, 2025 06:30
Групацијата Брод користи свој систем од челик Б-јадро, за кој тврди дека е десет пати полесен и сто пати појак од конвенционалните материјали, и отпорен на земјотреси и тајфуни. Оние кои не веруваат во изреката дека чудата се можни, ќе размислат двапати по оваа вест. Имено, во кинескиот град Чангша, компанијата Брод Груп презеде неверојатен потфат. Тие изградија 10-катна станбена зграда за само 28 часа и 45 минути. Овој рекорден проект беше реализиран со помош на модуларен систем за градба наречен „Жива зграда“, кој овозможува брзо склопување на префабрикувани модули на лице место. Модулите, со големина на стандарден транспортен контејнер, беа претходно изработени во фабрика, вклучувајќи електрични и водоводни инсталации, а потоа транспортирани до градилиштето. На лице место, три кранови и тим работници ја склопија зградата. Брод Груп го користи својот сопствен челичен систем Б-јадро, за кој тврди дека е десет пати полесен и сто пати појак од конвенционалните материјали, и отпорен на земјотреси и тајфуни. Зградата е исто така енергетски ефикасна, со потрошувачка на енергија пет пати помала од традиционалните згради.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




