Видео: Катастрофална железничка несреќа во Индија, стотина мртви
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Во Индија дојде до катастрофална железничка несреќа со стотина мртви откако патнички воз излета од шините во Канпур, еден од најпрометните региони каде дневно поминуваат над сто возови. Екипите за спасување составени од војската, полицијата и првата помош се обидуваат да спасат што е можно повеќе повредени луѓе, а досега се извлечени телата на 91 патник.
Најмалку 14 вагона на експресниот патнички воз кој патувал долж патот Индоре-Патна, излегле од шините. Несреќата се случила во реонот на станица Пухрајан, на 100 километри од градот Канпур околу 3 часот по локално време, кога повеќето патници спиеле.
Засега не е јасно што ја предизвикало незгодата, но постои веројатност причината за несреќата да е кршење на шините. Железничката мрежа во Индија е една од најдолгите во светот и е главна форма за транспорт на долги растојанија во огромната држава. Пругите сепак се лошо одржувани и катастрофите со жртви се релативно чести.