(ВИДЕО) КАРАMБОЛ ВО ПЕНСИЛВАНИЈА: Судир на 50 возила, едно лице загина
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2017
Во Пенсилванија вчера имало карамбол на 50 возила при што едно лице загина.
Несреќата се случила во попладневните часови во местото Глен Рок во јужниот округ Јорк.
Се судриле 40 автомобили, а остатокот биле шлепери и камиони.
Од Брзата помош велат дека најмалку девет лица се повредени.
„Помислив дека е готово. Мислев дека ќе умрам и бев многу исплашена“ - вели учесничка во судирот.
Шон Кемпбел, педијатар кој учествувал во карамболот вели дека условите биле лоши, а тој кочел 30 метри и гледал како возилата удираат едно во друго.