(ВИДЕО) Интернетот преплавен со совети за нуклеарна војна - радијацијата не е она најлошото!
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2017
Последниве неколку денови на Јутјуб се појавија информации за нуклеарна војна.
На пример дека експлозија на бомба која е 80 пати појака од онаа фрлена во Хирошима, ќе предизвика слепило на луѓе кои се 21 км оддалечени од местото во ден и ноќе на оние кои се дури и на 85 км.
Опекотини од прв степен би добиле оние кои се на 11 км, а од втор степен оние на 10 км.
Опекотини од трет степен би имале луѓето кои живеат на 8 км.
Последиците многу ќе зависат од облеката, но и од бојата.
Температурата во Хирошима била 300.000 степени, или тоа е за 300 пати потопло од температурата на која телата се кремираат.
Ако некој случајно го преживее блесокот, изгорениците, на ред доаѓа радијација.
Но, не секоја радијација е штетна затоа што ние постојано сме изложени на радијација.
Како последица може да се јават генетски мутации и канцер.