(Видео) И ова постои: Гробари се натпреваруваат кој побрзо ќе ископа гроб
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Браќата Ладислав и Цаба Складан од Словачка се победници на натпреварот за брзо копање на гробови. Тие ископаа дупка со длабочина од 1.5 метри, долга 2 метри и широка 90 сантиметри во рок од 53 минути со што беа најбрзи во конкуренција на уште 10 тимови од Словачка, Полска и Унгарија.
Натпреварот нема никакви бизарни цели туку се одржува од страна на погребалните претпријатија со цел да се посочи колку е важна и тешка работата на работниците кои се ангажираат за копање на гробови, па на овој начин им се дава признание, а на победниците и скромна награда.