(ВИДЕО) ХРВАТИТЕ ЈА ОБНОВУВААТ ЈАХТАТА НА ТИТО: Галебот ќе стане музеј
Објавено во: Балкан 02 Април, 2017
Галеб со пари од европските фондови ќе се обнови и ќе стане музеј. Со постоечката опрема тука ќе бидат бројни документации, фотографии, видеа и итерактивна содржина.
Сега на бродот се е старо, меѓутоа наскоро целиот брод ќе биде обновен. Она што е интересно е дека овој брод музеј ќе биде целосно прилагоден на слепи лица и лица во инвалидски колички.
Галеб е изграден за потребите на фашистичка Италија, бил италијански па германски воен брод, кога е и потонат.
После втората светска војска станува познат како Титов брод, но и школски брод на Југословенската воена морнарица.
Речиси да нема странски државник кој по официјално доаѓање во Риека не прашал за Галеб. Сепак градоначалникот на Риека е мета на критики, на него годишно одат половина милион куни државни пари.
„Очигледно е дека Галеб на многумина им смета, а мене ми е драго дека тој со својата историја не и смета на ЕУ, ниту на министерстава кои учествувале во проценка на овој проект. Воглавно, бродот е заштитен како трајно културно добро на Република Хрватска и секако наша обврска е да се грижиме за него“, рекол Војко Оберснел, градоначалник на Риека.