Видео: Храбар Русин избрка вооружени крадци па му се врати на пивото
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Русија продолжува да биде непресушен извор на најлудите YouTube видеата, па така овој пат добиваме неверојатна снимка од Русин кој додека си пиеше пиво во еден дуќан влегоа двајца разбојници.
Еден од разбојниците и впери пиштол на продавачката за да ја испразни касата по што муштеријата храбро се втурна во него да го сопре.
Додека двајцата се бореа за контрола над пиштолот вториот разбојник силно го удираше со тупаници но, храбриот Русин не попушти, па така крадците немаа друг избор освен да побегнат. Полицијата сега трага по маскираните крадци.