06 Декември, 2025
0.0590

(ВИДЕО) ХАОС НА КОСОВО: Солзавци, искршени автомобили, повредени Срби, но и косовски полицајци

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2021 15:10

Добивај вести на Viber

Судири има на Косово, при што има повредени Срби и косовски полицајци. 

Косовската специјална единица  РОСУ упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“. Српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност. Косовска полиција јавува дека шест повредени полицајци и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово. 

Тешко повредeниот Србин е  веќе опериран и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија од болницата во Косовска Митровица.Искршени автомобили, амбулантни возила и пожарникари имаше на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на Митровица. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.  Акцијата се спроведуваше во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“. 


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.

Немирите се случуваат десетина дена по кризата на административните премини Брњак и Јариње. Косовските Срби излегоа на блокади како реакција на одлуката на Приштина да не дозволува влез на возила со српски таблички без да им бидат заменети со привремени косовски таблички.

Косовска полиција / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа