02 Мај, 2024
0.0246

(ВИДЕО) ГОЛЕМ МИСТЕРИОЗЕН ПРЕДМЕТ ИСПЛОВИ НА ПЛАЖА ВО АВСТРАЛИЈА: Се третира како опасен, „не му се приближувајте“

Објавено во: Стил 17 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Полицијата е збунета од „мистериозен предмет“ кој исплови на плажа во Западна Австралија. Огромниот метален предмет го пронашле мештаните на плажата Грин Хед, околу 250 километри северно од Перт.

Предметот се третира како опасен, а полицијата ги повика луѓето да не му се приближуваат. „Сакаме да ја увериме заедницата дека сме активно вклучени во работата со различни државни и федерални агенции за да се утврди потеклото и природата на предметот“, се вели во соопштението на полицијата. 


Жителите велат дека објектот е широк 2,5 метри и долг помеѓу 2,5 и 3 метри, објави Австралиската јавна телевизија.

Експертот за авијација Џефри Томас рече дека објектот најверојатно бил резервоар за гориво од ракета што паднала во Индискиот Океан во текот на изминатата година. Австралиската вселенска агенција соопшти дека е можно џиновскиот цилиндар да падне од „страната на вселенската ракета“.

Иако имаше некои шпекулации дека цилиндерот можеби бил дел од MH370 - авионот што исчезна во близина на брегот на Западна Австралија во 2014 година со 239 луѓе - Томас рече дека „нема шанси“. „Тоа не е никаков дел од Боинг 777 и поради фактотдека MH370 е изгубен пред девет и пол години, ќе се забележува мнгу повеќе абење и оштетеност на повој предмет“, рече тој.