(ВИДЕО) Џамбаски од Приштина порача дека Скендербег е пола Бугарин и дека на Косово има многу Бугари
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2022 17:44
Со нова провокација се јави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Тој објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина во Косово, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“. Тој вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза. Тој претходно велеше дека Македонија е бугарска. Изјави дека преку Деве Баир двата народи ги дели само границата, мислејќи на македонскиот и бугарскиот народ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




