Добивај вести на Viber
Тешка несреќа утрово ја потресе Србија. Автомобил со шест млади луѓе слета во Дунав, при што само тројца успеаја да преживеат и да испливаат, додека останатите се удавија. Несреќата се случила рано утрово, околу четири часот, кога младите излетале со автомобил БМВ и паднале во реката.
Младите биле на возраст од 16 до 20 години, четири момчиња и две девојки, а кај сите преживеани било откриено зголемено количество на алкохол во крвта.
Но, инцидентот е уште побизарен ако се знае дека еден од настраданите во моментот на несреќата бил во багажникот на автомобилот. Полицијата го приведе возачот, 19-годишниот Душан Ј., кој успеал да ја преживее несреќата. Се проверува дали младите биле и под дејство на дрога.
Меѓу преживеаните се и 18-годишната Милица Ј., како и 20-годишниот Лука В., инаку син на познатата српска новинарка Оља Бечковиќ, која неодамна нбеше во фокусот на српската јавност заради укинувањето на нејзината емисија „Впечаток на неделата“ на Б92.
Спасувачите не успеале навреме да стигнат и да спасат уште три лица, меѓу кои и најмладата 16-годишна девојка.
http://www.youtube.com/watch?v=ERN32xNpZBE