(ВИДЕО) Битолчани масовно, започна протестот за смртта на Јана
Објавено во: Македонија 29 Март, 2023 19:15
Во Битола започна протестот поради смртта на шестгодишната Јана. Скопјани и битолчани ќе го изразат својот револт заради прерано згаснатиот живот на девојчето. Во Битола, граѓаните излегоа на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира пред Министерството за здравство, во исто време.
Повикот за протест е објавен на „Фејсбук“, а целта е да се сврти вниманието кон состојбите во македонското здравство. Со протестот се бара Правда за Јана, оставки и реформи во здраството.
Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала уште кога ја примала првата инфузија, Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




