Видео: Автомобил се запали на бензинска, панична реакција на гасење
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Автомобил се запали на бензинска пумпа во Медина во Саудиска Арабија додека еден од вработените точеше гориво. Најпрво возачката панично реагираше и го напушти автомобилот, додека пак возачите во близина побрзаа да избегаат од огнот кој се ширеше. За среќа вработените брзо реагираа со противпожарни апарати и го изгасија автомобилот кој можеше да предизвика голема трагедија.