(ВИДЕО) Албанската полиција откри огромна „стаклена градина“ со повеќе од 3.000 садници марихуана
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 14:31
Албанската полиција со дронови откри „стаклена градина“ со над три илјади садници канабис среде шума во Лежа.
Контролите ќе продолжат низ целата држава.
„Во планински предел на селото Унгреј откриени беа над три илјади садници канабис сатива, подготвени за расадување, кои се уништени со палење“, наведува полицијата.
Во рамки на полициската мега-операција „Слика“ само во овој дел од земјата откриени и уништени се околу пет илјади садници канабис.
Во цела Албанија, држава која се уште се смета за најголем производител на марихуана во Европа за краток период, уништени се околу 20 илјади стебла, засадени главно во планински тешко достапни предели. За споредба, во 2013 година на територијата на Албанија се регистрирани 305 подрачја каде се одгледувала марихуана. Следната 2014 година имало 815 области со 165.000 садници.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




