Ви фалат пари? Мал, но ефикасен трик како да заштедите!
Објавено во: Финансии 02 Март, 2016
Изберете некоја важна цифра, било да е година на раѓање или тековната и одредете дека тоа е износот кој сакате да го заштедите месечно.
Заблуда е дека мора да имате многу пари за да мора да успеете нешто да оставите „настрана“. Има луѓе со исти примања и расходи, па едвај врзуваат крај со крај, додека други успеваат да заштедат. Одговорот лежи во различните карактери, но постои еден психолошки трик кој од расфрлач може да направи штедач.
За тоа ви е потребен само број, верувале или не.
Изберете некоја важна цифра, било да е година на раѓање или тековната и одредете дека тоа е износот кој сакате да го заштедите месечно. Или, ако ви е полесно да работите на дневна база, земете помала цифра, на пример датумот на раѓање или бројот на вашите години. Па така, ако имате 40 години, дајте си цел да секој ден заштедите 40 денари. На месечно ниво (30 дена) ќе „заработите“ 1200 денари, а годишно 14.400 денари.
Можеби оваа сума изгледа импозантно, но сепак на располагање имате пари кои ќе можете добро да ги искористите.Објаснувањето на овој трик е едноставно-иако сите начелно знаеме да штедиме, тешко се дисциплинираме, а конкретни бројки во тоа не ни помагаат.
Ефикасен трик за оние со најмали примања е секојдневно настрана да остават 10, 20 денари. Нема да го почуствувате штедењето, а сепак ќе значи за неколку месеци или година дена.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/03/02/shto-ke-mu-ostavite-na-vasheto-semejstvo-dolg-ili-nasledstvo/" target="blank" ]Што ќе му оставите на вашето семејство: долг или наследство?[/button]