ВЕТИ, СЕГА ОСТВАРИ: Трамп им забрани влез на бегалците во САД
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп со извршна наредба ја стави надвор од сила националната програма за сириски бегалци и го суспендираше програмот за издавање на визи.
Системот кој беше на сила во мандатот на кабинетот на Барак Обама Трамп го окарактеризира како шетен, а визните аранжмани се укинати со образложение дека таквата одлука е неопходна додека не се направат „значајни промени“ во американскиот програм на реадмисија.
„Со ова прогласувам дека влезот на повеќе од 50 000 бегалци во фискалната година 2017 би бил штетен за интересите на САД, како и дека секој случај кој ќе биде ставен под сомнение ќе биде решен според дополнителни адмисиони прописи кои ќе ги одредам, во национален интерес“, се наведува во текстот на извршната наредба.
Во неа исто така се наведува дека барањата за виза ќе бидат паузирани до 120 дена или четири месеци. Во текстот на се споменува создавање на безбедносни зони во Сирија.
Сепак, бегалскиот статус ќе им биде гарантиран на сириските државјани, но приоритет при селекцијата ќе биде религијата, со сигнализирање дека бегалците од христијанска вероисповед ќе бидат исклучок.
„Да бевте муслимани, можевте да дојдете овде, но ако сте христијани, тоа беше целосно невозможно, од нефер причини...Многу повеќе глави тие отсекоа од христијаните“, рекол Трамп.