18 Декември, 2025
0.1865

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2024 13:04

Добивај вести на Viber

Ветерен парк на инвестицискиот фонд од Дубаи - Алказар Капитал е првата енергетска инвестиција што ја најавуваше премиерот Христијан Мицкоски во првите денови од новата влада.

Инвестицијата на Алказар Енерџи ќе биде објавена утре од страна на Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, како и од самиот Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони  долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните“, пишува во најавата.

Проектот кој ќе се изведува на потегот Штип - Радивиш - Карбинци е започнат пред повеќе од десет години од страна на бизнисменот Стефан Пулејковски. Во меѓувреме проектот е предаден на шпанскиот „Инвал“ кој во меѓувреме прејде во сопственост на „Алказар Капитал“.

Според проектот,70 столба на ветерници треба да имаат вкупна моќност од 335 мегавати, но ќе треба добро да се испланира и балансирањето на производството, бидејќи ветерните паркови не испорачуваат постојано струја.


Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа