13 Декември, 2025
0.0320

Вештак тврди дека Махса Амини не починала како последица од ударите во главата

Објавено во: Свет 08 Октомври, 2022 09:27

Добивај вести на Viber

Младата Иранка Махса Амини не починала како последица од ударите во главата, покажува извештајот од обдукцијата. 

Во извештајот на судскиот совет се наведува дека таа починала поради откажување повеќе органи како последица на церебрална хипоксија, пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА. Во извештајот се вели дека таа колабирала додека била во притвор поради основни заболувања, пренесува „Ал Арабија“.

„Поради неефикасна кардиореспираторна реанимација во првите критични минути, таа претрпела тешка хипоксија, односно намален доток на кислород, а како резултат на тоа дошло до оштетување на мозокот“, се додава во извештајот.

Смртта на 22-годишната Амина во ирански притвор, каде што беше одведена од полицијата поради морал, поттикна протести. 

Татко ѝ рече дека таа добила модринки на нозете и ја смета полицијата за одговорна за нејзината смрт.

Пратениците во Европскиот парламент повикаа да се санкционираат иранските функционери вклучени во убиството на  Амини. 

Оваа 22-годишна Курдка, почина на 16 септември во болница во Техеран, три дена откако беше уапсена поради „неправилно носење хиџаб“.

На 12 април 2011 година, ЕУ воведе санкции кон Иран поради сериозно кршење на човековите права. 

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск