11 Мај, 2024
0.0278

Весел Мемеди пред судот: Трајко Вељаноски му даде предност на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее химната

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Весел Мемеди, поранешниот потпретседател на Собранието, во своето денешно сведоштво пред Кривичниот суд за организацијата на нападите во законодавниот дом на 27 април 2017 рече дека тогашниот спикер Трајко Вељаноски во моментите на огромна тензија предност му дал на Зеќирија Ибрахими пред да ја пее албанската химна од говорницата, иако пред него за збор се јавиле двајца други пратеници.

„Се сеќавам убаво дека Крсто Мукоски се пријави да говори процедурално и ја пееше македонската химна. Веднаш штом почна да ја пее, видов дека Џеват Адеми и Артан Груби, кои седеа пред мене, се пријавија за збор и видов дека пратеникот Зеќирија Ибрахими, десно од мене, се пријави после нив. Откако Мукоски заврши со химната, претседавачот Трајко Вељаноски му даде збор на Ибрахими, иако другите се пријавија први. Се сеќавам и дека Џеват реагираше зошто му дал збор на Ибрахими кога тој се пријавил прв“, сведочеше Мемеди.

Поранешниот пратеник, кој во меѓувреме си поднесе оставка откако неговата партија излезе од актуелната владина коалиција, категорично тврди дека станува збор за однапред смислено сценарио, затоа што, како што вели тој, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Димитар Стевананџија инсистирале да се молчи додека Ибрахими ја пеел химната за таа да може подобро да се слушне помеѓу учесниците на протестите пред да упадне толпата.

Обвинети  за организацијата на настаните од 27 април, покрај Вељаноски, се уште  екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. 


Можеби ќе ве интересира

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите