19 Јануари, 2025
0.1981

Веро и потрошувачите обезбедија 8.500 евра за СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во рамките на донаторската акција „Заокружи сметка“ организирана од компанијата Веро, годинава се обезбедени 528.812 денари (околу 8.500 евра) за децата од СОС Детско село. Традиционално, трета година по ред, Веро ја организира оваа акција во своите маркети со цел  да го поттикне индивидуалното донаторство, но и да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за децата без родители и родителска грижа.

Под мотото „Биди дел од детската радост“, во периодот од 1 декември до 15 јануари сите потрошувачи во Веро имаа можност да ја „заокружат“ својата сметка на каса со дополнителен износ по свој избор за хуманитарна цел, односно како донација за СОС Детско село. На тој начин, потрошувачите добија можност да подарат насмевка за секое дете и да обезбедат подобра иднина за сите. 

Донаторскиот чек во име на Веро и потрошувачите го предаде Милана Петковски, маркетинг директор на Веро.

- Како општествено одговорна компанија сметаме дека помагањето и поддршката на ранливите групи во општеството, особено на најранливата категорија, децата без родителска грижа, треба да биде дел од културата на живеење на секој од нас. Водени од оваа цел, трета година по ред организираме хуманитарна кампања за поддршка на СОС Детско село. Особено сум горд што како компанија внесовме еден иновативен концепт за поттикнување на индивидуалната филантропија, преку кој покажуваме дека позитивните промени се можни, само треба да сакаме да ги направиме. Токму затоа Веро ќе продолжи и во иднина, преку различни кампањи и донаторски акции, да овозможува поддршка за СОС Детско село – истакна Петковски.

Силвија Брајовиќ од СОС Детско село ги сподели зборовите на основачот и идеолог на СОС Детско село, Херман Гмајнер, кој вели „Лесно е да чиниш добро кога многумина помагаат“.

- Овие зборови уште повеќе добиваат на тежина после една ваква благородна акција на Веро маркетите и нашите граѓани. Од срце благодариме за секоја донацијаод многубројните граѓани кои ја препознаваат важноста на нашата мисија – топол дом, грижа и љубов за секое дете. Голема благодарност и до нашиот стратешки партнер Веро кој веќе трета година нѐ поддржува преку организирање хуманитарни кампањи во нивните продажни места. Воедно, изразуваме и благодарност до 22 вработени во Веро, нашите амбасадори, кои овозможија нашата порака полесно да стигне до голем број граѓани. Веруваме дека и други компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат за уште повеќе детски радости и насмевки – рече Брајовиќ.

Годинава кон донацијата за СОС Детско село се приклучи и Киро Сечков, среќниот добитник на главната премија од новогодишната наградната игра на Веро, кој дел од средствата за „годишниот шопинг на сметка на Веро“ ги пренамени за дечињата без родители и родителска грижа. 

Хуманитарната акција која го поттикнува индивидуалното донаторство е уште еден доказ дека индивидуата има голема моќ и можност да дејствува и прави промени во различни области од општественото живеење. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ