Венецијанците со куфери протестираа над каналите
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Венецијанците кои се повеќе се намалуваат, протестираа денеска, за да го привлечат вниманието кон проблемите на секојдневниот живот, пренесоа американските медиуми.
Стотици локални жители кои носат куфери како симбол на егзодусот од овој град, протестираа минувајќи по мостовите над каналите.
За помалку од еден век венецијанското население се стопи од 200 000 до околу 55 000.
Се посочуваат неколку фактори, меѓу кои високите цени диктирани од туристичкиот бум, логистика на снабдување на градот без автомобили, и ерозијата на станбените згради.
Подрумите во домовите често им се потопуваат и луѓето се движат со чизми.