08 Мај, 2024
0.0380

Велкоска: Потребно е да има толкувачи на знаковен јазик во секоја институција

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот во Македонија, на сите прес – конференции се појавуваат толкувачи за знаковен јазик, но реално во земјава бројката на толкувачи е мала и треба да се зголеми.

Доколку секоја институција има толкувачи, ќе се олесни секојдневното функционирање на глувите и наглуви лица.  Од Националниот сојуз на глуви и наглуви лица објаснуваат дека Законот за знаковен јазик е донесен од 2009 година. Оттогаш до денес во нашата земја има 31 сертифициран толкувач на знаковен јазик, кои ги посетувале обуките што се спроведуваат од страна на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на РСМ и се здобиле со сертификати за да можат во институциите да извршуваат толкувачки услуги за глувите лица.

„Оваа бројка е релативно мала во однос на тоа што во нашата земја има околу 7.000 глуви и наглуви лица од кои околу 3.500 се потполно глуви лица кои што комуницираат на знаковен јазик. Во последните две години активно се спроведуваат обуки на знаковен јазик, а така ќе се продолжи и во иднина со цел да има поголем број на сертифицирани толкувачи на знаковен јазик кои што ќе можат да одговорат на потребите и барањата од страна на глувите лица“, вели Лиза Велкоска, генерален секретар на Национален сојуз на глуви и наглуви лица на РСМ.

Од март оваа година на прес – конференциите има толкувачи со цел и овие лица да бидат информирани за состојбата во државата и борбата со коронавирусот.

„Од месец март оваа година во однос на состојбата што настана поради коронавирусот Националниот сојуз на глуви и наглуви со поддршка од Владата  овозможивме на секоја прес - конференција да има сертифицирани толкувачи на знаковен јазик со цел глувите лица да бидат навремено информирани за состојбата. Така, за потребата од толкувачи и примена на знаковниот јазик дозна и пошироката јавност. Во однос на институциите потребно е да има толкувачи на знаковен јазик во секоја институција. Особено тоа е важно, на пример во болниците, каде што има прием на глуви лица и потребно е да ги разберат точните информации од докторите, а се однесуваат на нивното здравје, потоа во сите министерства, во Општини, во центрите каде што се нуди социјална помош, во судовите, кај нотарите и слично. Ние како Сојуз на глуви и наглуви со поддршка од Министерството за труд и социјална полтика од 2019 година отворивме Кол центар кој е достапен од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот каде што има две сертифицирани толкувачки на знаковен јазик преку кои глувите лица со видео повик можат да комуницираат во одредена институција на пример банка, аптека, стоматолошка ординација, пошта и слично“, додава Велкоска.

Вели дека во однос на ангажирањето на толкувачи во институциите, тоа може да се регулира со договор во согласност со  Законот за знаковен јазик и трошковник за толкувачки услуги, а поради добра координираност и поставеност на толкувачите во институциите, тие се обезбедуваат од страна на Сојузот на глуви наглуви лица. Оваа постапка во некои институции е веќе отпочната.

„Отворањето на Кол центарот е идеја и пример кој што го имаат високо развиени европски земји, кај нас е релативно нов, но покрај бенефитите што ги почувствуваа голем број на глуви лица има и некои мали недостатоци кои се надевам во побрзо време ќе ги отстраниме, а се однесуваат на тоа дека не секое глуво лице поседува мобилен со камера или има пристап до интернет. Потоа од оваа година Националниот сојуз на глуви и наглуви лица отпочна со реализација на „Видео интернет серијали„ односно прикажување на видеа на нашата веб страна www.deafmkd.org.mk каде што преку знаковен јазик можат да се информираат глувите лица со теми од повеќе области. Идејата е во иднина ова да прерасне во телевизија наменета за глуви лица“, рече Велкоска.

Сојузот на глуви и наглуви лица постојано ги следи новите трендови во соседството и пошироко и е во комуникација со другите Сојузи на глуви и наглуви, се со цел глувите и наглуви лица во земјава да имаат подобар живот од сите сегменти во општеството.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРА И ВО ВЛЕН: Се слави со жива музика

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

„ТРЕБА ДОБРО ПРЕИСПИТУВАЊЕ ВО СДСМ“ - Сања Лукаревска во „Претрес“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТАР АПАСИЕВ НА ФЕЈСБУК - „Падај сило и неправдо“

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

ДИК ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ 35,70 отсто, ДУИ 20,48, Вреди 17,37, СДСМ 12,14...

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ИМА ОСВОЕНО 70 ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА“: Еве што велат од аналитичкиот центар на партијата

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 34,11 ОТСТО НАСПРОТИ СДСМ СО 11,55 ПРОЦЕНТИ - резултати на парламентарни од 23,14 отсто обработени ливчиња

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

ВО ГАЗИ БАБА ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЕ СЛАВИ: Еве ја атмосферата

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат

„РЕКОВ ЈАС ЌЕ СЕ РАСПАДНЕТЕ И ЌЕ СЕ РАСПАРЧИТЕ КАКО ЛЕГО КОЦКИ!“: Се огласи Боки 13 за изборниот резултат