08 Мај, 2024
0.0322

Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски се изјаснија за невини, Спасовски повикан да сведочи

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот собраниски спикер и пратени, Трајко Вељаноски, поранешните министри  Спиро Ристовски и Миле Јанакиески како и тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски се изјаснија како невини на почетокот на судското рочиште за организирање на крвавите настани во Собрнаието на 27 април.

Тие се обвинети дека изготвиле план за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, со цел да го спречат мирното примопредавање на власта, што доведе до напад на Собранието на 27 април 2017 година. 

„Спиро и Миле се јавуваат по членството, организираат превоз за што помасовно присуство пред Собранието. Знаеме кој ги отвори вратите, но знаеме кој им рече да го направат тоа. Тоа се овие обвинети овде, како и нивниот лидер Никола Груевски кој толку сакаше да се соочува со граѓаните на избори, а кукавички избега од правдата и од граѓаните“, кажа во воведниот збор обвинителката Вилма Рускоска.

Вељаноски во своето изјаснување коментираше дека ова е класичен политички прогон за да се влијае врз пратениците за уставните измени.

„Го разбрав обвинението, но разбрав дека обвинителството дека нема докази, и дека ова е класичен политички прогон по нарачка на функционерите од извршната власт, со цел да се влијае врз пратениците за уставните измени. За сево ова има докази, а во најскоро време и јавноста ќе ги дознае. Не се чувствувам ни најмалку виновен“, рече Вељаноски.

На следното рочиште прв ќе сведочи Оливер Спасовски, актуелниот технички премиер како тогашен пратеник. Тој треба да даде исказ во Судот како тогашен пратеник кој, како што вели обвинителството, побарал измена на точките во дневниот ред, со поддршка на 10 пратеници, но наместо тоа тогашниот спикер Вељаноски му дал збор на Зечирија Ибраими кој ја испеал албанската химна, што било иницијална каписла за упадот во Собранието. Исказ ќе даде и Михаил Младеновски кој е дел од осудените што упаднаа во Собранието на 27 април, а како обвинет кажа дека тогашниот директор на УБК Атанасовски ги злоупотребил граѓанските здруженија.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА?

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА?

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ќе имаме околу 60 илјади гласа, потврдивме минимум пратеничка група

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ќе имаме околу 60 илјади гласа, потврдивме минимум пратеничка група

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта

„СПИРО РИСТОВСКИ Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ТЕРЕНАШИ ВО ИЕ 6“: Дафина му се заблагодари заради помошта