10 Мај, 2024
0.0256

Велигденско јајце од илјада долари

Објавено во: Стил 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Огромното чоколадно велигденско јајце високо еден метар со мотиви на Енгри брдс (Angry Birds) е изложено е во „Sugar and Plumm“, њујоршката пекарница која прави и производи од чоколадо.

Цената на ова јајце е 1.000 долари. Јајцето е високо речиси 75 сантиметри, а широко , и тежи 10 килограми. Ова екслузивно чоколадно јајце е рачно изработено со познатото темно венецуелско чоколадо Криоло, млеко и бело чоколадо.

„Помислив зошто не би направиле нешто што ќе привлече внимание, и за да покажеме дека Велигден може да биде возбудлив направивме толку големо јајце“, вели сопственичката на пекарницата Ламиа Џејкобс.