„ВЕЛИГДЕН Е ВРЕМЕ ЗА СЕБЕАНАЛИЗА, САМОКРИТИКА И ПРОМЕНА“ - претседателката Гордана Силјановска-Давкова специјално за Женски магазин
Објавено во: Македонија 22 Април, 2025 10:56
Престедателката Гордана Силјановска-Давкова, специјано за Женски магазин зборуваше за празникот Велигден, за обичаите, за пораката...

ЖМ: Што значи празникот Велигден за Вас лично? Дали воскресението значи и нова надеж дури и денес по 2000 години од распнувањето?
Силјановска-Давкова: И за мене, Велигден е она што е за секој христијанин и христијанка: ден над деновите, празник над празниците, најсветол и најрадосен ден. Но, нему му претходат Велики Петок, најтажниот ден во христијанството и Велика Сабота, денот на најголемиот покој, денот меѓу смртта и воскресението, а тие не потсетуваат на личната животна голгота, но и на голготатата на многу народи, па и на сечовечката голгота: како се однесуваме како Исусови ученици, чекориме ли по неговиот пат или по сатанското беспаќе, каде целиме, како се бориме со своите и туѓите гревови, заслужуваме да ни се отворат рајските порти или ќе завршиме во пеколот? И по два милениуми од воскресението, Велигден значи нова надеж за секој од нас, но и за човештвото во целина. Пред нас се истите дилеми и предизвици: не инспирира доброто или злото, светлото или темното, се очовечуваме, или расчовечуваме, трагаме по вистината, или тонеме во лагата, се бориме ли со пороците, или ги умножуваме, учиме ли од туѓите грешки, или само на своите?

ЖМ: Како Вие го празнувате овој празник? Дали ги практикувате старите македонски обичаи од памптивек, што е она што создава магија за празникот?
Силјановска-Давкова: Ја почитувам македонската христијанска традиција, како дел од идентитетот на македонскиот народ, но и на семејниот и личниот идентитет. Сум ја наследила и прифатила како нешто природно, убаво и здраво. Магијата на празникот е врзана за длабоката верба во Бога, за потребата од сплотување, почитување и солидарност, за семејно и пријателско дружење, за лична и колективна радост, за разбирање и дарување, за праведен живот.
Силјановска-Давкова: Да, Велигден е време за себеанализа, самокритика и промена, изразување благодарност, емпатија, сочувство и давање помош на оние на коишто им е најпотребна, но и критика на лошото, неправедното, нечовечкото. Ние, Македонците, не случајно сме библиски народ. Како такви, во животот мора да се однесуваме според божјите заповеди: да бидеме праведни и морални, да се разбираме и почитуваме меѓусебе, но и да се обидеме да ги разбереме и другите, поинаквите од нас.

Небојша Толески
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




