ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024 17:31
Граѓаните ќе може да подигаат лични документи и на денот на гласањето.
Министерството за внатрешни работи (МВР) инфомира дека во среда (24 април), кога ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, граѓаните ќе можaт да ги подигаат своите лични документи.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08 до 19 часот“, соопштија од МВР.
На денот на гласањето, скопјани, како и досега, ќе можат своите лични карти да ги подигаат во надлежните полициски станици.
Новите документи се со новото име на државата, Северна Македонија во согласност со Договорот од Преспа.Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




