14 Декември, 2025
0.0390

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА КОИ САКААТ ДА ГИ ПРОДАДАТ АКЦИИТЕ - писмената изјава за прифаќање може да се потпише во просториите на Комерцијална банка

Објавено во: Финансии 30 Август, 2024 10:14

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка објави многу значајна информација во врска со понудата за преземање на Стопанска банка Битола, а која се однесува на акционерите на таа банка, кои ќе сакаат да ги продадат своите акции и со тоа да заработат по 3.200 денари од акција. 

Имено, од Комерцијална банка укажуваат на еден дел од проспектот кој се однесува на понудата за преземање на акциите, а според кој акционерите на Стопанска банка Битола можат писмената изјава за прифаќање на понудата да ја потпишат во просториите на банката, или во седиштето на улицата Васил Иљоски, или низ филијалите на оваа банка во земјава.

„Во врска со понудата за преземање на сите акции од Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје, упатуваме на точка 5.2.1 од проспектот, каде помеѓу останатите детални податоци на процедурата за прифаќање на понудата согласно член 38 од Законот за преземање на акционерските друштва уредено e дека имателите на акции од Стопанска банка АД Битола може да ја потпишат писмената изјава за прифаќање на понудата во просториите на Комерцијална банка, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, како и во нејзините филијали низ Републиката. Писмената изјава може да се потпише во периодот од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот“, се вели во објавата од банката.

Како што веќе пишуваше Фактор, деновиве Комерцијална банка ја претстави понудата за купување на акциите, како и Проспектот за преземање на Стопанска банка Битола.

Објавивме детали кои се имателите на акции во Стопанска банка Битола, и колку средства се очекува тие да земат доколку ја прифатат понудата и решат да ги продадат сите свои акции.

А, откриваме уште неколку интересни детали од понудата. 

Имено, пореземачот, а тоа е Комерцијална банка, се обврзува да ја купи секоја обична акција со право на глас издадена од СТБ, во согласност со пропишаните правила и објавените услови. 

Преземачот се обврзува да ги откупи сите 390.977 обични акции со право на глас по цена од 3.200 денари по акција. 

Утврдената цена е за 16,78 отсто повисока од просечната на тргување во последните 12 месеци пред известувањето на намерата за преземање. Просечната цена во тој период била 2.740,21 денар.

На имателите на хартии од вредност нема да им се наплатуваат трошоци за прифаќање на понудата за преземање, односно сите трошоци во врска со понудата за преземање ги сноси преземачот.

Преземачот на сметка во ЦДХВ уплати сопствени средства во иснос од 1.251.126.400 денари или 20,343 милиони евра.

Плаќањето на акционерите кои ќе ја прифатат понудата се врши со исплата на парични средства од страна на ЦДХВ, во рок од 8 дена од приемот на Решението на Комисијата за хартии од вредност, со кое се утврдува успешноста на понудата.

Дали ќе ја прифатат понудата акционерите на СТБ ќе треба да се изјаснат до 22 септември оваа година.

Понудата ќе се смета за успешна ако ја прифатат иматели на 261.956 обични акции, што е 67 отсто плус една акција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари